В петок во Турскиот театар,со почеток во 20 часот ќе се одигра реприза на претставата „Шекспир во приказни“ работена по делата на Вилијам Шекспир, а во режија и кореографија на Кери К. Невзати. Претставата раскажува приказна за оттуѓеноста меѓу луѓето, недовербата која ја негуваме еден кон друг, потребата грдите внатрешни пориви и конфликти да ги пренесеме на оние кои не опкружуваат, потрагата по себе си и по сродниот на себе, тежнеење кон љубовта и истовремено неможноста таа да се прими целосно, опседнатоста со моќ и желба за доминација, која несомнено води кон пропаст и смрт. Самоуништувањето како начин на живот. Но, по смртта на еден, животот започнува за нов никулец, со надеж дека оттуѓеноста ќе ја снема, дека љубовта целосно ќе обзема и смеата ќе биде едно од многуте пријатни прибежишта.
Фрагментите од драмите на Шексшир ( Крал Лир, Ромео и Јулија, Сон во ноќта спроти Иванден, Магбет, Хамлет, Ричард трети, кротењето на опаката ) се структурирани во современа приказна, во која ги препознаваме сликите и ликовите од делата на Шекспир. Неговите приказни се толку наши, неговите ликови се секаде околу нас.
Претставата се игра со титл на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.