| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најверниот хороскопски знак меѓу мажите

%d0%bc%d0%b0%d0%b7

Поставеноста на планетите за време на вашето раѓање откриваат многу работи за ставот кон прељубата, а еден хороскопски знак е познат по својата безусловна љубов и верност.

Имено, од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат кон сигурна врска полна со љубов, во која нема место за прељуба. Раковите никогаш не се целосно среќни додека не остварат длабока емотивна врска, а кога ќе се вљубат секогаш размислуваат долгорочно.

Тие цел живот само трагаат по личност со која ќе изградат  дом и ќе основаат семејство. Ракот дава многу и  исто толку и бара. Сака внимание, сака да му  се докажува љубов, но секогаш враќа со иста мера.

Кога ќе наиде на проблеми  во врската, тој не ги избегнува и туку инстнатно ги  решава бидејќи не сака нешто  да му  застана на патот. Не ни помислува на прељуба како  метод за решавање ма проблемите затоа што е верен до самиот крај.

Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоко доживуваат се што  се случува околу нив.

Тие се молчеливи, внимателни и  таинствени. Повеќето не се грижат и не се плашат толку  за себе колку  за своето семејство, а поготово за децата. Имаат  посебно чувство за потомството, а исто и за зачувување на традицијата. Кога се  во прашање оние што  ги  сакаат , несомнено ќе застанат во нивна одбрана.

Религиозни се, повеќе ги ценат духовните предности од метеријалните, а љубовта им е најважна, полни се со великодушност, чувствителност и  грижливост…

Ракот не е единствениот хороскопски знак познат  по верноста, доста верни знаат да бидат и Биковите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top