Ден Браун, авторот на бестселерот „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и демони“ и „Изгубениот симбол“, утре ќе го објави четвртиот роман со Роберт Лангдон во „главната улога“. Романот „Пекол“ се надоврзува на дејствието од претходните три романи, а инспирација на славниот писател за новата книга му била истоимената поема на Данте Алигиери.
– Иако го проучував „Пекол“ од Данте како студент, дури сега, во текот на истражувањата што ги правев во Фиренца, почнав да ги ценам трајните вредности и влијанието на работата на Данте на модерниот свет – вели Браун и додава дека неговиот роман „Пекол“ ќе ги поведе читателите на пат во мистерија, предели со кодови, симболи и тајни премини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.