Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денес воведе ново правило со кое се забранува одржување на каков било вид на манифестација освен фудбалски натпревари на стадионите на кои ќе биде одиграно Светското првенство во Русија во 2018 година.
Како што стои во соопштението ова ново правило ќе стапи на сила два месеци пред почетокот на Мундијалот, за да тревната подлога не биде оштетена како што беше случајот со теренот на „Велодром“ каде неколку недели пред почетокот на Европското првенство рок групата АЦ/ДЦ одржа концерт.
ФИФА, меѓудругото, наведе и дека еден месец пред почетокот на Светското првенство ќе го ограничи бројот на натпревари кои можат да се играат на 12-те стадиони ширум Русија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.