Oва утро во Македонија имаме претежно облачно и свежо време. Исто така треба да се напомене дека по котлините и долините на реките има и појава на слаба магла.
МАКЕДОНИЈА – Денес ќе биде претежно облачно, свежо и ветровито. Во текот на денот постојат услови за повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, кој долж повардарието и во источните предели ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Во вечерните часови и во текот на ноќта од северозапад продор на влажна воздушна маса која ќе донесе врнежи од дожд прво во западните и северозападните предели, после ќе се прошират и во останатите предели. Утринските температури од 4 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 19 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје претежно облачно, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 17 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врнежите од дожд кои ќе започнат во текот на ноќта вторник кон среда ќе продолжат и во среда во утринските и претпладневните часови, а во попладневните часови ќе престануваат. Максималните температури од 8 до 16 степени. Во четврток и сабота умерено облачно време со максимални температури од 11 до 19, односно од 12 до 20 степени, додека пак во петок умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и температури од 10 до 18 степени.
weather4all.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.