| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена девојка кај Влада (ФОТО)

Едно лице е повредено во сообраќајната незгода што утрово во 8.46 часот се случи на булеварот „Илинден“ кај зградата на Владата.

Се работи за женско лице, пешак, кое било прегазено од страна на автомобил „киа“ со скопски регистарски таблички, информираат за „Република“ од СВР Скопје.

14786898_10153724319626741_1537494803_o

Повредената девојка е пренесена во градската болница „Св. Наум Охридски“ и засега не е познато со какви повреди се здобила.

На местото на настанот е извршен полициски увид, по што ќе се знаат повеќе детали за незгодата.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top