На патеката на кејот на Вардар во Скопје денеска се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 50 тимови од македонскиот бизнис.
Првото место го освои тимот на Еуростандард Банка, втори беа учесниците од Халкбанк, а третото место му припадна на тимот на Мастер Инжинеринг.
Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Елисавета Нојковска од Клоузер Консалтинг кај жените и Игор Стојановски од Халкбанк кај мажите.
Иако дождот и студеното време не одеа во прилог на закажаната трка, учесниците на првата бизнис штафета „Бусинесс Рун 2016“ се појавија во масовен број на стартот и одговорија на предизвикот да се постигне тимски резултат и успех во секакви околности. Мешаните машко-женски тимови беа одраз на реалната работна околина.
Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст