Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за распуштање на Парламентот. За одлуката гласаа 110 пратеници. Немаше против и воздржани, со што се создадоа услови за оджување на изборите на 11 декември.
Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.
Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.