Реал Мадрид не успеа да го победи Олимпијакос во финалето на Евролигата, а казната требаше да биде спиење на кауч. Таков транспарент, на шега им истакнаа девојките и жените на кошаркарите од Мадрид, за време на финалниот дуел со Олимпијакос во Лондон, синоќа.
„Или титула или ќе спиете на кауч“, пишуваше на транспарентот што го смислија претставничките на понежниот пол. Оригинална идеја, што, за жал, не ги поттикна играчите на Реал да одиграат подобро и да ја освојат титулата. Олимпијакос го одбрани трофејот со победа од 100-88, иако „кралевите“ водеа и со 17 поени разлика по првиот период.
Е, сега, дали Љуљ, Фернандез, Рејес и другите кошаркари на Реал навистина спиеја во претсобје, на кауч, не се знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика