| четврток, 6 декември 2018 |

Шверцувал 1.250 штеки со цигари

Шверцер е фатен со 1.250 штеки со цигари на патот Радишани-Бутел во петокот околу 19.30 часот, при редовна царинска контрола.

А.Ќ. од Скопје не запрел на обидот за биде сопрен и продолжил да се движи при што со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го патот продолжило да вози низ околните ниви во правец кон Радишани и по кратко време го запрело возилото, излегло од него и се дало во бегство.

Истото било следено, совладано и лишено од слобода од страна на инспекторите од Одделението за истраги. При првичната контрола на возилото на самото место била забележана поголема количина цигари без акцизни маркици. Возилото било пренесено во просториите на Царинската управа заради вршење на детален преглед. При прегледот било забележано дека задните седишта од возилото се извадени и целата внатрешност од возилото и багажниот простор биле натоварени со 1.250 штеки цигари (850 штеки „Monte Carlo“, 400 штеки „Benton“).

Сторителот е лишен од слобода и против него Царинската управа ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, за сторено кривично дело „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ казниво по член 59 став 1 од Законот за акцизите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top