| четврток, 6 декември 2018 |

Го победи ракот и се враќа на терените, Марко Рус во јануари ќе му се приклучи на Ајнтрахт

marko-rus

Во мај оваа година, Марко Рус, капитенот на Ајнтрахт Франкфурт падна на рутински допинг тест. Понатамошните испитувања покажаа дека германскиот фудбалер боледува од рак на тестисите. Тој херојски ги одигра натпреварите од баражот за опстанок, а потоа ја предаде капитенската лента и започна поинаква борба за опстанок.

По неколку месечно лекување со хемотерапија резултатите покажуваат дека Рус го совладал ракот и веќе во јануари ќе може да му се стави на располагање на тренерот Нико Ковач.

– Целта ми е да му се приклучам на тимот во зимската пауза, се надевам дека ќе бида целосно подготвен – оптимистично размислува Рус.

Во меѓувреме, додека траеше неговата битка, раководството на Франкфурт одлучи да го продолжи договорот со него до 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top