Ѕвездата на Гранд, Слободан Ѓурковиќ доживеа сообраќајна несреќа ноќта меѓу саботата и неделата враќајки се од настап.

Ѓурковиќ имал свирка во Бела Црва, а потоа возел до Ниш. Слободан бил сам во автомобилот и враќајки се од свирката премногу уморен заспал зад воланот.
Во еден момент излетал од патот и удрил во банкината, иако автомобилот е премногу оштетен, Слободан поминал со полесни повреди кои се санирани по доаѓањето на брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


