Италијанските медиуми објавија фотографии од подземни соби во вила на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони лоцирана надвор од Милано, во кои се одржувале бунга- бунга забави со малолетни проституки.
За време на овие еротски забави девојките изведувале стриптиз и наплатувале за секс, но Берлускони сето тоа го демантира. Против него се води судски спор во кој се товари дека имал секс со тогаш 17-годишната танчерка со мароканско потекло Карим ел Махру, позната како Руби на која ѝ давал пари и накит по бунга-бунга забавите.
И Берлускони и Карим тврдат дека на ваквите забави немало секс, туку биле организирани само „елегантни вечери“ на кои се разговарало за сѐ и сешто.
Во Италија „сексуалното полнолетство“ настапува во доба од 14 години, но плаќањето на помлади од 18 години за секс е кривично дело.
Пред две години британските и шпанските медиуми, пак, објавија фотографии снимени за време на некои од овие бунга- бунга забави.
Ако биде осуден Берлускони може да добие три години затвор за секс со малолетничка, и 12 години затвор за злоупотреба на службена положба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.