Помина речиси еден месец откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод на бракот, и му забрани на својот поранешен сопруг да ги гледа нивните деца. По речиси еден месец холивудскиот актер конечно имаше можност за средба со своите најмили, но секако согласно договоро под надзор на стручно лице.
Деталите кои ги пренесуваат светските медиуми откриваат дека средбата била подеднакво емотивна и за Пит и за децата. Првата средба по речиси еден месец поминала во солзи.
– Солзи му навираа на очите, а тој се обидуваше да се воздржи пред децата, рекол извор кој го цитираат медиумите.
Бред Пит сакал што поскоро да постигне договор со Анџелина која сега го има целосното старателство на децата. Тој веќе се подлегнал и на низа тестови за да покаже дека нема никакви пороци. Одлуката за посета под надзор на стручно лице следуваше по обвинувањата дека Пит се обидел во алкохолизирана состојба да го претепа синот Медокс.
Анџелина и Бред беа во брак две години, а претходно во врска цели 12. Родители се на шест деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст