| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка: Двајца тешко повредени на магистралниот пат Охрид – Кичево

Утрово, околу 9 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Врбјани, се случила стравотна сообраќајна незгода, во која тешко се повредени две лица.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски изјави дека до незгодата дошло кога џип марка БМВ со струшки регистарски ознаки, од засега непознати причини, излетал од патот.

Во џипот имало четири лица кои од Охрид патувале за Кичево. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле двајца од патниците кои веднаш биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Информации за причините поради кои возилото излетало од коловозната лента ќе има по завршувањето на увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top