| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се авиокомпаниите кои го забранија „Галакси Ноут 7“, не смее да се носи ниту во багаж

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ го забрани внесувањето на смартфонот „Галакси Ноут 7“ (Galaxy Note 7) на јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) во нејзините авиони, пренесоа американските медиуми.

Забраната влезе во сила веднаш, информира авиокомпанијата.

Во соопштението на „Алиталија“ се посочува дека забраната е наметната врз основа на аналогната забрана на Министерството за транспорт на САД, која има за цел да ги гарантира максималните безбедносни стандарди.

„Алиталија“ веќе го имаше забрането ставањето на смартфоните „Галакси ноут 7“ во багажот или во транспортните авиони. Од денеска се забранува и нивното внесување во авионот како рачен багаж.

„Ер Канада“, исто така, соопшти дека го забранува внесувањето на смартфонот во нејзините авиони поради ризикот од пожар, пренесуваат француските меидуми.

Во соопштението на најголемата компанија за воздушен транспорт во Канада се прециизра дека патниците нема да имаат правото да се качуваат во авионите на „Ер Канада“, „Ер Канада руж“ и „Ер Канада експрес“ со „Галакси Ноут 7“. Тие нема да имаат и право да го пренесат во нивниот рачен багаж.

За да се избегнат потенцијални конфликти, како последица на забраната, компанијата создава политика која на патниците ќе им дозволи да земат друг лет.

177579

Доколку не се потчинат на наредбата, патниците може да бидат парично казнети или против нив да се поднесе тужба.
И Американските власти ги забранија проблематичните смартфони „Галакси Ноут 7“ (Galaxy Note 7) на јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) во авионите, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се регулаторните органи.

Мерката влегува во сила денеска попладне по источноамериканско време (18 часот по средноевропско време).

Наредбата на Министерството за транспорт и другите агенции на патниците им забранува во својот багаж да носат смартфони од овој тип. Прекршителите ќе бидат казнети или апартот ќе им биде конфискуван.

Оние кои ќе се обидат во авион да влезат со „Галакси Ноут 7“, нема да бидат пуштени во него.

Претходно неделава „Самсунг“ ги запре производството и продажбата на смартфони од овој модел, по многуте информации за запалени примероци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top