| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Црна Гора денеска гласаат на парламентарни избори

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори, четврти по прогласувањето на независноста, а избирачките места ширум земјата беа отворени утринава во 7 часот, јави Танјуг.

Гласањето се смета за своевиден референдум „за“ и „против“ членството на земјата во НАТО и Европската Унија.

На изборите се избираат 81 пратеник, а право на глас имаат 528.817 избирачи запишани во избирачкиот список.

На изборите учествуваат 17 листи, а изборниот цензус изнесува три отсто.

Изборите ги следат повеќе од 2.607 набљудувачи, од кои околу 500 се странски.

Избирачките места ќе се затворат во 20 часот, а првите неофицијални резултати ќе бидат објавени околу 21 часот.

На сите досегашни избори Демократската партија на социјалистите, на премиерот Мило Ѓукановиќ освојуваше убедлива победа, заедно со коалициските партнери – социјалдемократите и некои партии на малцинствата. Годинава, меѓутоа, ситуацијата ќе биде незивесна до последен момент заради силната опозиција, која, според власта, е финансирана од Москва и од руски, српски и црногорски олигарси.

Аналитичарите прогнозираат дека во случај на пораз на владеачката коалиција, земјата ќе направи остро свртување во својата надворешна политика и тоа може да го распали национализмот, внатрешните тензии, нестабилноста и ширењето на кризата во регионот.

Црна Гора досега има отворено 25 поглавја во преговорите за членство во Европската Унија и е блиску до затворањето на две од нив.

ТАГОВИ:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top