| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав роденден во САД: Влегле на забава, убиле тројца, а 12 раниле

На роденденска забава во јужното предградие на Лос Анџелес три лица се застрелани, а 12 се повредени.

Полицијата сомничи двајца мажи и една жена, кои околу полноќ заминале од роденденот за да се вратат со оружје и да пукаат по гостите на роденденската забава на која имало 50 – тина гости.

Полицијата на Лос Анџелес се сомнева дека станува збор за пресметка меѓу криминални групи. Во станот на едниот од напаѓачите е најдена полуавтоматска пушка. Други детали не се соопштуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top