| четврток, 6 декември 2018 |

Овие кесички сите ги фрлаат, но кога ќе видите за што се можат да се искористат, ќе ги чувате до една

kesicki1

Кесичките со силиконски гел кои се наоѓаат во кутиите од чевли, обично завршуваат во канта за ѓубре само затоа што веруваме дека се бескорисни, па дури и отровни. Но вистината е дека во нив не се наоѓа никаков отров, туку силициум диоксид кој не треба да се јаде, но е посебно корисен низ домот.

1. Ставете ги во торбата за вежбање

Целта на овие кесички е во тоа што ја впиваат вишокот влага. Бактериите најдобро се размножуваат во влажна средина, па затоа посебно може да ви послужат да ги намалите влагата и бактериите во ранецот за вежбање. Така и непријатниот мирис ќе исчезне.

2. Ставете ги меѓу пешкирите

Спречете го ширењето на влага и меѓу пешкирите, така што ќе поставите неколку кесички во шкафчето каде ги чувате.

3. Бричот трае подолго

Наместо да го оставате бричот да стои на влажно место, ставете го во пластична кутија и меѓу 3-4 вакви кесички со гел. Така ќе трае многу подолго.

 

4. Сочувајте ги новогодишните украси

Во кутијата со лампиони задолжително ставете неколку кесички. Така украсите ќе траат подолго и ќе изгледаат како нови.

 

5. Сочувајте ги фотографиите

Старите фотографии со тек на времето пропаѓаат, што е навистина тажно, затоа што единствено тие добро ја доловуваат носталгијата. За да не се разочарате кога ќе ја отворите кутијата со ретро фотки, уште денес поставете кесички кои ќе ја спречат влагата.

6. Спасете си ги шминките

Секоја жена во несесерот треба да има барем една ваква кесичка која ќе ги спаси прашкастите производи од згрутчување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top