По повод Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на слепите лица, на 15 октомври, невладините организации НВО и Детски свет сплотени под една капа “Нов почеток“, ќе го одбележат денот со низа активности.
Програмата започнува денеска со интерактивна игра, во која млади лица со сетилна попреченост и лица без попреченост ќе се дружат во Ласерхант центарот со почеток од 10.30 часот до 12 часот, дружењето продолжува во меѓународното училиште “НОВА”, каде во 14 часот ќе започне фудбалски натпревар помеѓу екипите НОВА и Нов почеток.
Хуманитарниот настан ќе се одржи во 19.30ч во Салон 19.19, каде ќе се зборува за основната мисија и цел на овие две невладини организации, достигнување на еднаков развој на социјалната инклузија на територија на цела Република Македонија, и потребата од создавање услови за воспоставување и промовирање на настани и иницијативи базирани на интеракција на младите со и без попреченост во секојдневниот
живот.
Дел од програмата е и неделното гостувањето во Радовиш на манифестацијата `Самун ем Татлија` на покана на градоначалинкот Сашко Николов.
Меѓу сите активности НВО и Детски свет го најавуваат отварањето на првиот младински инклузивен центар за лица со сетилна попреченост, во Среда, 19 Октомври во 14ч. Центарот е лоциран на ул.Анкарска 29А, и ќе нуди секаков вид на услуги кои лицата со сетилна попреченост им е отежнато да ги обавуваат сами, од правни услуги, семејни советувања, обуки и едукација во вештини на зборување и ориентација во макро и микро просторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.