На Фејсбук страницата Полицијата запира – Крапонско-загорска жупанија пишува дека кловн кој го тероризира населението се појавил во Загорје, во Кузминец, кој избегал во шума откако бил виден.
За среќа, набрзо оваа вест била демантирана, се покажало дека се работи за фотографија која се споделува на интернет, а потекнува од Америка.
Се уште никој не знае зошто на улиците низ градовите во Европа и Америка со денови прогонуваат кловнови. Скокаат од грмушки, бркаат луѓе, плашат деца во училиштата, мавтаат со ножеви. За жал ова лудило стигна до Словенија, до Јесенице, па ни земјите јужно од неа очекуваат да се прелее лудилото и на нивна територија. Во моментов најкритично е во Хрватска.
Поради лажната фотографија што беше објавена на Фејсбук страницата, крапинско-загорспата полиција вели дека имало неколку повици, но не и информација за кловн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.