Екипата на дописништвото на РТС од Шабац е убиена пред 25 години на новинарска задача во Банија. Меѓу нив бил и Зоран Амиџиќ, уредник на дописништвото на РТС и татко на популарниот водител. На Огнен и неговото семејство веста им ја соопштиле двајца полицајци, без никакви детали за убиството. Медиумите пишувале дека тогаш никој од државните органи не се потрудил да ги испита околностите под кои новинарите настрадале, па нивното убиство останало неразјаснето.
Иако Огнен никогаш во јавноста не сакал да ја преувеличува својата тага, факт е дека после ваквите големи и тешки губитоци во животот, никогаш веќе нема да биде ист.
-Секако останаа неизбришливи траги. Големи дупки во мене. Но имав најсреќно детство во рамки на најтесното семејство и кога таа основа ќе се постави правилно, тогаш се некако си доаѓа на свое. Со помош на мајка ми и останатите роднини, со опкружувањето сето тоа на некој начин се надоместува. Се разбира за таа почетна база многу е заслужен и татко ми – рекол Амиџиќ на кој му е криво што немал можност подолго да се дружи со татко му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст