| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската старлета оди во затвор – уценувала професор за 9.000 евра

%d0%b0%d0%b2%d0%b0

Ава и нејзината мајка Сања се ослободени од вината за уцената на Живко Нижиќ, додека тогашниот свршеник на Ава, Шпиро Миличиќ ја признал вината и осуден е на две години и 7 месеци затвор. Сепак повисокиот суд не е задоволен со пресудата, и повторно покренува постапка, што значи дека и Ава може да оди во затвор.

-Не знам кој повторно покрена постапка, но не се плашам. Покана за рочиште не сум добила, но дознав од медиумите и контактирав со својот адвокат. Во понеделник нема да се појавам на суд поради болест на мајка ми, но секако ќе отидам во Хрватска, бидејќи следното рочиште ќе биде брзо – рекла Ава.

Таа во октомври 2009 година е приведена со мајка и и свршеникот поради сомневање дека преку компромитирачки СМС пораки кои на Ава и ги праќал нејзиниот професро Нижиќ, се обиделе со уцена од него да добијат 9.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top