Скопскиот Апелациски суд делумно ги уважил жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначил првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.
Апелацискиот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот во јавноста познат како „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.
Во останатиот дел, како што се додава во соопштението, првостепената пресуда се потврдува во целост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заврши седницата на Апелација за пресудите на Груевски и Поповски во случајот „Тенк“
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк”, продолжението закажано за 5 септември
-
Двојниот британско-руски шпион Скрипал барал дозвола од Путин за да се врати во Русија