Денеска во 00:50 часот во Велес на улица „Илинденска“ лицата А.К. (35) и А.К. (34), двајцата од село Горно Оризари, велешко, извршиле напад над полициска службеничка од полициска станица Велес.
Додека полициската службеничка вршела работа од областа на сообраќајот констатирала прекршок направен од А.К. кој управувал мопед непозната марка. На даден знак да го запре мопедот, истиот продолжил со движење и застанал на наведената улица. Откако полициската службеничка им побарала документи, лицата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.