| четврток, 6 декември 2018 |

Ученици и наставници, пријавете се: Цела година паричен надомест за освоен медал на научна олимпијада

Министерството за образование и за наука почна со спроведување нова стимулативна мерка со која се предвидува доделување месечен паричен надомест за талентираните ученици што ќе освојат едно од првите три места, односно златен, сребрен или бронзен медал на некоја од тринаесетте признати меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во учебната 2016/2017 година, објави заменик-министерот Спиро Ристовски на „Фејсбук“.

Со мерката се обезбедува паричен надомест во износ од 12.000 денари за освоено прво место, 10.000 денари за второ место и 8.000 денари за освоено трето место, во текот на целата година за ученикот, но и за наставникот што му бил ментор и што го подготвувал за натпреварувањето.

Конкурсот за аплицирање е во тек и ќе биде активен до 31 август 2017 година.

Повеќе информации за потребната документација, начинот на аплицирање и условите за учество на конкурсот на следниов линк
http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/1498-13-international-science-olympiad

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top