| четврток, 6 декември 2018 |

На српската мафија ѝ објавуваме војна!

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, денеска изјави дека државата ѝ објавува војна на мафијата и до 2017 година Министерството за внатрешни работи ќе биде исчистено од сите оние кои на каков било начин соработувале со криминалните структури, јави Танјуг.

Стефановиќ на вонредната прес-конференција по синоќешното убиство на лидерот на навивачите на фудбалскиот клуб „Партизан“, Александар Станковиќ во Белград, изјави дека едно лице е уапсено, а по неколку се трага.

Тој нагласи дека борбата против мафијата ќе биде тешка борба, во која државата и полицијата треба да победат, пред сѐ, поради мирот и безбедноста на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top