Искусниот холандски фудбалер, Робин ван Перси, би можел да направи трансфер во Кина, во текот на зимскиот преоден рок. Имено, Хебеи Чајна Форчун планира да испрати понуда вредна 13 милиони евра до Фенербахче за неговите услуги.
Раководството на кинескиот клуб е подготвено да му понуди многу подобри услуви на Холанѓанецот, а Фенербахче добро ќе заработи на неговата продажба. Тој дојде во турскиот гигант од Манчестер јунајтед за сума од 5,5 милиони евра, но не успеа да ја одржи голгетерската форма.
Евентуално заминување на Ван Перси во Кина само ќе ја продолжи низата на фудбалери кои настапуваа во Европа, а во изминатиот период заминаа на печалба во оваа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.