| четврток, 6 декември 2018 |

Најдебелиот модел на светот: Има 225 кила, а ѝ плаќаат за да ја видат гола (Фото)

debela1

Боби Џо Весли тежи колку четири просечни жени, но и покрај тоа се занимава со една необична професија за жена со толкава тежина, моделинг. Со неверојатен обем на колковите од скоро два метри, Боби Џо, најверојатно, е најголемиот модел што некогаш работел. Таа вели дека со тоа многу не се преоптоварува и дека бројот на нејзините обожаватели се зголемува секој ден.

– Многу сум самоуверена. Тоа е моето тело и ако сакам да му го покажам на целиот свет, јас и ќе го направам тоа. Моите колкови и задник се светски познати и мислам дека тоа е првото што луѓето го забележуваат кај мене – вели оваа 43-годишна жена од Пенсилванија.

И покрај огромната тежина, таа тврди дека јаде само салата, а дека дебелината ѝ е предизвикана од проблемите кои ги има со тироидната жлезда.

– Сакам да јадам салати, а само со нив можам да издражм и цел ден. Сакам и пилешко месо и кременадли. Обожавам и макарони со сирење, како и ориз. Не сум голем љубител на благи работи, но не можам да им оддолеам на тортите, набројува таа, веројатно свесна дека на приказната за салатитие и онака никој нема да ѝ поверува.

debe2

Со моделинг започнала да се занимава пред околу 3 години кога првпат ѝ понудиле фотосесија, а оттогаш работи најчесто преку онлајн камера.

Оваа мајка на пет деца долго се борела со вишокот килограми, но по последната бременост и компликациите со тироидната жлезда станала сѐ поширока во колковите и се откажала од слабеење. Таа сега заработува над 2.000 долари месечно само од нејзините фотографии, а вели дека дневно добива и до 50 пораки на Фејсбук во кои најчесто ѝ бараат експлицитни фотографии.

Тежината вели дека не ѝ претставува проблем, но и дека има и луѓе кои ја напаѓаат на социјалните мрежи.

– Некои ме навредуваат за мојата тежина. Но, се обидувам да не им обрнувам многу внимание. Не ми интересира што мислат за мене, сѐ додека јас се чувствувам добро во својата кожа – вели таа.

Со толкава тежина и проблемите се неизбежни, па Боби има астма, не може да издржи ниту пократки прошетки, а вели и дека тешко наоѓа облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top