Пред да се ожени со Светлана Величковиќ, Жељко Ражнатовиќ – Аркан вил во брак со Наталија Мартиновиќ, а многумина дури тврдеа дека та била единствената која тој ја сакал во животот.
Со Наталија Мартиновиќ Аркан бил во брак 13 години.
Последната трага во јавноста за поранешната сопруга на Аркан ја даде Павле Стевовиќ, поранешен финансиски директор на сите фирми на Жељко Ражнатовиќ кон крајот на минатата година, кога во изјавата за медиумите кажал:
-Тие се во Америка, во Лос Анџелес“, кажал мислејќи на неа и нејзините деца.
-Знам дека тешко живеат и многу се мачат. Наталија чува деца, работи како бебиситерка. Ми кажаа и дека сериозно се разболела… Близнаците и Милена завршија колеџ и сите работат по две работи за да може да преживеат, а нјамладата Маша се уште се школува“, појаснил Стевовиќ.
Наталија наводно, штом дознала дека Жељко е во врска со Цеца, ги спакувала куферите и прво заминала во Франција, па потоа во Грција. Во САД заминала по смртта на Аркан и семејната трагедија, кога нејзиниот брат наводно го убил своето семејство по што извршил и самоубиство.
Инаку, Жељко Ражнатовиќ Аркан зад себе оставил девет деца. Три деца има од вонбрачни врски но со признато татковство. Милена, Никола, Војин и Маша се од бракот со Наталија, а најмладите Вељко и Анастасија ги добил од бракот со Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.