Бизнис-магнатот и кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, јавно се извини на српскиот народ за бомбардирањето во 1999 година.
– Морам, пред сè, да ви кажам дека бомбардирањето на Србите, кои беа наши сојузници во двете светски војни, беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал, администрацијата на Клинтон им нанесе доста зло, но и на целиот Балкан, од кој направија хаос. И претходно им се извинував на Србите поради американската, а посебно Клинтоновата политика кон нив. Ќе ја зајакнам нашата врска со владата во Белград. Кога ќе ја преземам власта во земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар од сега – рекол Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.