| четврток, 6 декември 2018 |

Оживеал мумифициран будистички лама

Религиски водачи во Русија тврдат дека мумифицираниот будистички лама Џаши-Дорџо Итигилов ноќе талка по музејот за да го повика човештвото на мер во светот, пишува Дејли мејл.

Телото на ламата обично се наоѓа во стаклен саркофаг на вториот кат на неговата „палата“ во градот Улан Уде во Сибир.

Меѓутоа, локалните религиски водачи тврдат дека почнал да се помрднува во неделата и во понеделникот вечерта, веројатно за да го повика човешството на мир, пренесува Си-Си-Ти-Ви.

101190509157fe76c4d0942541037173_v4_big

Некои будисти веруваат дека сѐ уште е жив и дека се наоѓа во состојба на хибернација, но актелниот лама Дамба Ајушеев истакнува дека на една фотографија можат да се препознаат чувари ви воена унидформа кои носат две торби.

-Ова секако не е шега. На едната фотографија гледам машка фигура, исто акко и вие, и знам дека во палатата никој не можело да има во тоа време, вели Ајушеев.

200949844357fe76c49f75c923648038_v4_big

-Ламата се наоѓа на 5-6 метри низ ходникот, на својот трон, а местото на кое овој човек се наоѓа е пред вратата. на фотографијата која е снимена  следниот ден телото на ламата се наоѓа покрај софата.

Ламата Итигилов бил истакнат верски водач во времето на царска Русија. Умрел во 1927 година, една година откако СССР им издал предупредување на будистичките монаси да ја напуштат Русија, зашто нивните учиња се косат со болшевичките.

Последна елба на ламата му била да биде погребан во лотус-положба, во која и умрел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top