Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и член на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, ја доби наградата „Златно стапало“.
Ова признание се доделува на фудбалери постари од 28 години, кои имаат постигнато значителен успех на индивидуално и на клупско ниво.
Триесет и осумгодишниот Буфон ја доби наградата во конкуренција на фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Вејн Руни, Единсон Кавани, Френк Лампард, Икер Касиљас, Кака, Тијаго Силва и Андреа Пирло.
На церемонијата во Монако признание на Буфон му беше доделено од страна на принцот Алберт, а славниот голман притоа остави отпечатоци од неговите дланки на Шеталиштето на шампионите.
Буфон е еден од најстарите голмани во петте најсилни европски лиги кој сѐ уште е првотимец. Тој кариерата ја почна во 1995 година во Парма, каде што остана до 2001 година, по што се пресели во редовите на Јувентус. Буфон во неделата беше дел и од тимот на Италија, кој ја победи Македонија во квалификациите за СП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст