| четврток, 6 декември 2018 |

Преведени вкупно 1.000 стручни и научни книги, проектот се проширува со уште 200 наслови

Десет нови наслови беа промовирани денеска во рамки на проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и во Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Со овие 10, вкупниот број на преведни стручни и научни книги достигна до 1.000.

На денешната промоција, на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски најави дека ќе се преведат дополнителни 200 наслови кои биле побарани и предложени од студенти и професори.

Ристовски додаде дека ќе се отворат нови специјални читални. Прво во Велес и Прилеп, а потоа и во дргите градови низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top