Осумдесет и двегодишниот канадски кантавтор Леонард Коен рекол дека и „неговиот часовник отчукува“ и дека е подготвен да умре. Коен има голем број песни кои се недовршени или необјавени, но не е сигурен дека ќе успее да ги заврши.
„Мислам дека нема да успеам да ги завршам песните. Можеби. Кој знае? Можеби ќе си ја вратам енергијата, не знам. Не се осмелувам да се поврзам со духовната стратегија. Имам работа. Подготвен сум да умрам. Се надевам дека не е премногу непријатно. Тоа е од мене“, рекол Коен за интервју во „Консеквенс оф саунд“.
„Голема промена е близината на смртта. Јас сум уредно момче и сакам да ги довршам работите кои сум ги започнал“, додал тој.
Неговиот фаталистички тон во интервјуто, најверојатно е резултат на загубата на неговата љубов и муза, Мериен Илен Џенсен, која починала летово од рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.