| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид се одржува Шестата регионална конференција за справување со финансиски и компјутерски криминал

133385414-81675

Претставници на државните служби за превенција на компјутерски и  финансиски криминал од државите во регионот, со учество на експерти од областа од повеќе европски држави, учествуваат во работата на шестата Регионална конференција што во организација на Регионалниот СЕЛЕК – центар од денеска се одржува во Охрид.

Работната средба во Охрид организирана од СЕЛЕК – центарот со седиште во Букурешт е во рамки на редовните активности што претставниците на полициите и службите за справување со сајбер-криминал од 12 држави од регионот ги спроведуваат со цел преку меѓусебна соработка да ги зајакнат своите капацитети за справување со таа современа форма на криминал.

– Секторот за компјутерска и дигитална форензика при МВР го користи селек-центарот како механизам за соработка со државите од регионот при истрагите што ги води за компјутерски криминал, секако и овозможува интензивна соработка во справувањето со тој вид криминални активности – истакна Марјан Стоилковски, началник на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Што се однесува на Република Македонија, тој појасни дека и нашата држава не е имуна на современите трендови на злоупотреби на компјутерската техника и нејзините можности.

– МВР за поефикансно справување со компјутерскиот криминал активно работи во зајакнување на три сегменти и тоа со хармонизација на легислативата со нови предлози, со цел регулирање на сите можни злоупотреби, зајкнување на кадровски и технички капацитети и зајакнување на меѓународната соработка во областа – рече Стоилковски.

Пред учесниците на состанокот свое обраќање имаше и дополнителниот заменик-минситер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој се наоѓа во работна посета на СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top