Еден мачор од Требиње веќе три години живее на покривот на една куќа и одбива да се симне. Кога и да го спуштеле пожарникари, тој веднаш се враќал на своето место.
Граѓаните велат дека црниот мачор станал вистинска атракција и миленик на сите минувачи кои повремено му фрлаат храна, а локална жителка вработена во близина редовно го храни.
Мештаните уште додаваат и дека црниот мачор секојдневно го гледаат како шета по покривот, но дека никогаш не се симнал од него.
– Секое утро околу 7 часот доаѓа до крајот на кровот и тука ја чека Нада, која го храни, наведуваат мештаните.
Жителите на оваа населба велат дека мачорот никогаш не е гладен, бидејќи во близина има ресторан и кафулиња.
Тие истакнуваат дека мачорот често го посетуваат и мачки, но тие не се задржуваат на покривот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.