| четврток, 6 декември 2018 |

Невозможно е да се влијае врз изборот на судија во Европскиот суд

Крајно се неосновани обвинувањата на адреса на Парламентарното собрание на Советот на Европа дека пристрасно и необјективно е извршен изборот на Јован Илиевски за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, велат извори на „Дневник“ во ПССЕ.

Илиевски, инаку шеф на македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, беше избран со мнозинство гласови – 106 од членовите на ПССЕ, а неговата противкандидатка, уставната судијка Наташа Габер-Дамјаноска, освои 86.

Некои од македонските опозициски медиуми фрлија сомнеж врз начинот на гласање во европската институција квалификувајќи ја како пристрасна поради тоа што Илиевски е во роднинска врска со поранешниот директор на УБK, Сашо Мијалков.

Според истите извори, какво било сомневање во начинот на кој судиите се избираат нема логика.

Целиот текст прочитајте го во Дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top