На отворањето на новата сезона од Евролигата, која од оваа година е со нов формат, Реал Мадрид беа поуспешни од Олимпијакос, совладувајќи го грчкиот тим со 83-65. Шпанскиот тим ја доби првата четвртина со 24-17, но Олимпијакос возврати во вториот период и на одмор замина само со два поени негатива (42-40).
Клучен беше третиот период, во кој Олимпијакос прејде и во водство (49-51), но потоа следеше серија на Реал Мадрид за заокружување на оваа четвртина со водство од 62-53. До крајот, мадриѓаните знаеја да го контролираат резултатот и да слават и поубедливо.
Од оваа година во Евролигата ќе учествуваат 16 екипи во една единствена лига во која ќе се игра двокружен систем, а најдобрите осум екупи ќе се пласираат во плејофот.
Серхио Љуљ со 23 постигнати поени го водеше Реал Мадрид до триумф, а го следеа одлично и Лука Дончич со 11 поени и Џејси Керол, кој беше стрелец на десет поени.
Мат Лоџески со 14 коша беше најефикасен кај Олимпијакос, а Васили Спанулис постигна два поени помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)