Четириесет и едногодишната В.Е. е тешко повредена во сообраќајна несреќа, која вчера утрото се случила на локалниот пат Велес – село Раштани.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фијат добло“ со велешки ознаки управувано од Д.Ј. (55) и автомобил „ауди“, исто така, со велешки регистарски таблички, кој го управувал 18-годишниот Ф.Е.
Со тешки повреди се здобила сопатничката од „аудито“, В.Е. (41), додека двајцата возачи поминале со полесни повреди. Тројцата повредени се пренесени во велешката болница каде се задржани на понатамошно лекување.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст