| четврток, 6 декември 2018 |

Човечкото срце почнува да работи 16. ден по зачнувањето

Срцето на човекот во еден просечен живот има околу три милијарди отчукувања, но до денес не е најјасно како почнува процесот на неговата работа. Истражувањата порано покажуваа дека тоа почнува да работи на 21. ден од животот, но се покажа дека тие информации не биле точни.

Научниците од Универзитетот Оксфорд дошле до заклучок до срцето на ембрионот почнува да чука на 16. ден од зачетокот.

Стручните лица сметале дека ембрионот на глувците почнува да пумпа крв осмиот ден по зачетокот, што одговара на ембрионот стар 21 ден.

– Со откривање на раната фаза на развојот на срцето може да сфатиме како се создаваат проблемите со срцето, а тоа не приближува до начинот на спречување на нивното настанување уште во текот на бременоста – вели Пол Рилеј од Оксфорд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top