Одбран тим на стручњаци за вино и сомелиери од САД добија необична задача која дополнително ја подгреа претседателската кампања. Зададената тема за истражување е – кој произведува подобро вино, Трамп или Клинтон.
Во „трката“ се најдоа вината Шардоне од 2015 година кои се производ на винаријата Трамп и белите вина од 2015 година Виктори Вајт Блан, произведено во подрумите на семејството Клинтон. Тимот на стручаци направил „слепо“ тестирање на вината, односно дегустација од необележени чаши.
Инаку, за винаријата Трамп, која се простира на плантажа од над 10 хектари, се грижи синот на Доналд Трамп, Ерик. Додека пак, во винаријата на Клинтонови директорското место го има нивниот пријател Филис Фендер.
Дегустирањето чие вино е подобро завршило со слични оценки и за Трамп и за Клинтон, а и цените на вината им се приближно исти. Сепак, некои стручњаци од тимот на сомелиери се воздржиле од оценки со желба да се одбере трета опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.