| четврток, 6 декември 2018 |

10 причини да јадеме маслинки

Американскиот нутриционист, херболог и хомеопатски лекар, Џон Самер,кој е советник на многубројни познати личности и спортисти, ги истакнува 10-те здравствени предности на маслинките.

Против кардио-болести

Антиоксидантните хранливи својства во маслинките помагаат во превенција на срчевите болести. Здравите монозаситени масти во маслинките потврдено го смалуваат ризикот од атеросклероза и го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Неодамнешните истражувања покажаа дека маслинките и маслиновото масло го намалуваат зголемениот крвен притисок.

За слабеење

Маслинките помагаат и во процесот на слабеење. Имено, ги разградуваат мастите, па со нив полесно може да се ослободиме од наталоженото сало на стомакот. Луѓето кои јадат маслинки и употребуваат маслиново масло – тврди истражувањето – ретко се гојазни. Крвните тестови покажуваат дека луѓето кои секојдневно јадат маслинки имаат зголемени хормони серотонин, таканаречен хормон на ситоста. И самата арома на маслинките предизвикува ситост односно намален внес на калории за 200 на ден.

Превенција од рак

Антиоксидативните својства на маслинките ги прават природни заштитници од рак. Црните маслинки се одличен извор на витамин Е кој ги неутрализира слободните радикали во масното ткиво, со тоа и ги чуваат ДНК клетките. Оштетените днк клетки пак, често знаат да мутираат а со тоа и да доведат до малигни заболувања. Истражувањата покажаа дека прехраната со додаток на маслиново масло доведува до намален ризик од рак на дебело црево.

Ја ублажуваат болката

Маслинките имаат својство на природен ибупрофен. Нивното масло содржи oleocanthal, состојка која делува против воспаленија. Интересно е дека 50 грама маслиново масло содржи oleocanthala онолку колку што можат да делуваат 10 ибупрофени.

За здрава кожа и коса

Црните маслинки се богати со масни киселини кои ја хранат кожата и косата, а исто така и ја навлажнуваат. Благодарение на витаминот Е, маслинките природно не штитат од сончевите зраци, ракот на кожа и забрзаното стареење.

Ги намалуваат алергиите

Против-воспалителните својства на маслиновото масло се одлични за оние кои се подложни на алергии. Екстрактот од маслинките делува како антихистаминик. Оттука маслинките се препорачуваат на дневното мени на секој што пати од алергии или има астма.

Здрав метаболизам

30-на црни маслинки содржат 17 отсто од дневната количина на влакна, односно помагаат во одличната работа на цревата и забрзувањето на метаболизмот. Затоа се препорачуваат за сите оние кои имаат „запек“.

Одличен извор на железо

Маслинките, особено црните, се богати со железо. Ако патиме од недостаток на железо, нашиот организам не добива доволно кислород и може да чувствуваме студ или слабост. Железото игра важна улога и во производство на енергија.

Здрав вид

30-на маслинки содржат 10 отсто од препорачаната дневна вредност на витамин А, а овој витамин е најважен за здравјето на очите.

Зголемено ниво на глутатион во крвта

Зголемениот глутатион во крвта е поврзан со подобрувањето на антиоксидативниот капацитет на организмот. Доколку нивото на глутатион во крвта е пониско, изложени сме на зголемен крвен притисок и воопшто на полоша здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top