Годинава во Буџетот се проектирани 6 милиони евра повеќе средства за „Македонија пат“ со кои пред се треба да бидат изградени улиците во местата што беа зафатени со поплавите, но и некои други приоритетни локални патишта во други делови од земјава, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на објектите на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија.
– Досега во делот што го работи Македонија пат се инвестираа до една милијарда денари, а сега се издвоени 22 милиони евра или 6 милиони евра повеќе од вообичаеното со кои дополнително ќе се инвестира по завршувањето на сите патишта во подрачјата погодени со поплавите. На многу места ќе бидат асфалтирани и патчиња кои претходно не биле асфалтирани. Се надевам дека до крајот на годинава целосно ќе биде завршена работата, рече Груевски во одговор на новинарско прашање.
Прецизира дека дел од средствата ќе бидат искористени и за изградба на многу други помали локални патишта кои се на листата на најбарани од страна на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница