| четврток, 6 декември 2018 |

Нормално ли е да сте тажни по водење љубов?

Понекогаш и мажите и жените се чувствуваат депресивно тажно или нервозно по сексот, иако се работи за активност шо би требало да не направи среќни.

Сексот е активност по која би требало да се чувствуате среќно и задоволно. Но постојат одредени моменти кога и мажите и жените се чувствуваат депресивно тажно или нервозно по сексот.

Овој феномен се уште се истражува, а според првичните сознанија нема место за паника.

Од 230 испитанички , дури кај 46 проценти е забележана тага дури и кога сексот бил одличен. Тие откриле дека почуствувале лутина, срам и губење на себе по сексот, односно почуствувале дека не припаѓаат на своето тело. Во некои случаи подразбирале и солзи.

Истражувачите пак велат дека нема причина за вознемиреност, бидејќи дури и по најдобриот секс со оној што го сакате може да почуствувате пад на расположение.

Но, постои попврзаност меѓу тие чувства и степенот на интимност во врската , па ако овие чувства се јавуваат секогаш со ист партнер , треба да размислите што кај тој човек ве растажува.

Оргазмот всушност предизвикува лавина емоционално ослободувања  па така може да предизвика и ослободување на нешто што во вас се готви веќе со денови, недели или месеци, а заради што се чувствувате тажно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top