Македонската млада репрезентација до 21 година во моментов на арената „Филип Втори“ го игра можеби историскиот дуел за пласман на една фудбалска репрезентација на завршица од Европско првенство.
Избраниците на селекторот Милевски набрзина во период од 18 до 22 минута постигна два гола и има водство од 2-0. Стрелци беа головите беа Кире Маркоски и рековалесцентот Енис Барди кој стисна заби и покрај големата повреда на мускулот успеа да истрча на теренот и да постигне гол.
Сега сите очи се вперени во Рекјавик каде се игра мечот Исланд – Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.