| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа совршената работна маса?

Дизајнерите на компанијата, по цели пет години работа ја осмислија работната маса која на корисниците им овозможува не само да лежат додека работат,  тука и да го постават телото во бројни положби меѓу седење и лежење.

masa1-480x324

Оваа маса потсетува на футуристичките седишта во авионите и им овозможува на корисниците да одберат една од четирите позиции.

masa2-480x313

Доколку ја одберете најудобната опција и се одлучите да легнете, мониторот ќе се стационира над вашата глава, а глувчето и тастатурата нема да паѓаат за време на работата бидејќи се прицврстени со магнети на работната површина, исто така масата има и држачи за рацете со што ќе ви овозможи максимнална удобност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top