| четврток, 6 декември 2018 |

Федерализацијата нема поддршка: За Заев не маршираа ни половина од тие што што маршираа со Црвеновски (ФОТО)

Заврши уше едно спапо фијаско на СДСМ и Сорос. Платениците на СДСМ и на Сорос дојдоа во срамен број, од околу 7000 луѓе. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата. И овојпат се покажа дека Заев е само маското во лидерското столче на СДСМ наместо лидер кој може да донесе промени, кој може да собере и да предводи маса народ.

marsh-branko

На 5 декември 2010 година на маршот за слобода под мотото „Доста е! Избори се за иднината“ зад Бранко Црвенковски застанаа преку 15.000 следбеници. Слаб беше одзивот на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш, а тоа уште еднаш е доказ дека Заев не успеа да биде Црвенковски и покрај парите од Сорос кои се слеваат во платеничките џебови.

eden-640x480

За разлика од албанските знамиња кои преовладуваа на денешниот марш организиран од СДСМ/Сорос, пред 5 години на маршот организиран под палката на Црвенковски можеа да се видат знамињата на српската, турската и останатите етнички заедници кои живеат во Македонија.

zaev-zoki-640x480

Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата.

dva-640x480

Впрочем и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос.

Огромни потфрлања има и во Велес и во останатите градови каде што СДСМ не е на власт, од каде не тргнаа кон Скопје десетици автобуси.

avtobusi-640x480

Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ. СДСМ ги ангажира и административците под своја контрола, па и вработените од ПОЦ извршуваа партиски задачи и лепеа плакати.

%d0%bf%d0%be%d1%86

Фијаското на СДСМ се подготвуваше и со печатење материјали, маички, беџови, плакати.

Пред Собранието на Република Македонија каде што бешее поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени беа високи огради со кои организаторот сака да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top