| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб одѕив на дволичната, антидржавна политика на Заев (фото)

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата

Народот ѝ сврте грб на дволичната, антидржавна политика на Заев бидејќи меѓу седум и осум илјади граѓани присустуваа на маршот кој го организираше опозициската СДСМ и Сорос. Слаб беше одзивот на помпезно најавуваниот и скапо платениот марш.

zaev-zoki-640x480

Најголемиот дел од нив со полупразни автобуси беа донесени од внатрешноста на држава, а според информациите од теренот во голем број градови, празни автобуси биле откажани и воопшто не тргнале кон Скопје.

Најголем револт за дволичната и антидржавна политика на Зоран Заев искажале жителите на Струга и Кичево кои поради калкулирањето со двојазичноста и македонските национални интереси одбиле да ги послушаат партиските повици и се појавиле пет пати помалку од тоа што го планирала централата.

dva-640x480

Впрочем и тие два автобуси кои тргнале од Струга и Кичево се уверија во албанската иконографија која е во голема мера присутна на собирот организиран од СДСМ/Сорос.

Огромни потфрлања има и во Велес и во останатите градови каде што СДСМ не е на власт, од каде не тргнаа кон Скопје десетици автобуси.

eden-640x480

Најмалку 5.000 од присутните се донесени од Струмица и Куманово каде нивната егзистенција зависи токму од функционерите на СДСМ.

Забележливо е дека веднаш до Зоран Заев колоната ја предводи Зоран Верушевски, првоосомничениот во аферата „Пуч“, кој во скајп комуникацијата најавуваше украинско сценарио за Македонија и очекуваше дека благодарение на него по улиците низ државава ќе се леела крв до колена.

avtobusi-640x480

Пред Собранието на Република Македонија каде е поставена бината на СДСМ/Сорос, поставени се високи огради со кои организаторот сака да обезбеди вештачка слика за наводна масовност на собирот и да ги оправда истрошените средства.

tri-640x480

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top