| четврток, 6 декември 2018 |

Почина велосипедистот во кој удри „БМВ“

Четириесет годишниот битолчанец М.М. им подлегна на тешките повреди кои ги здоби по сообраќајна несреќа која се случи во неделата околу 11.40 часот во Битола на крстосницата од ул. „4-ти Ноември“ и ул.„Димитар Илиевски Мурато“.

М.М. починал вчера околу 20:15 часот во битолската болница, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

За потсетување, автомобил БМВ во неделата удри во велосипедистот М.М. по што го напуштил местото на настанот .

-Додека траел увидот на местото дошол Е.Ф. (24) од Битола, кој се пријавил како учесник во сообраќајната незгода, како возач на споменатото возило. Е.Ф. бил алкотестиран при што не е констатирано присуство на алкохол, информираа од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top